Добредојдовте | Bosco Shop

Начини на плаќање на веб-страницата на Bosco Shop

Плаќањето на производите купени на веб-страницата на Bosco Shop ќе се врши во домашна валута – денари (ден), и тоа исклучиво со плаќање при достава.

Опцијата за плаќање при достава ви овозможува износот на нарачката да го подмирите при самата достава на наведената адреса, дури откако ќе ја добиете стоката, што оваа метода на плаќање ја прави најсигурна за самиот купувач. Плаќањето при достава се врши исклучиво во готовина, на курирот при самата испорака на наведената адреса.

Во случај примачот да не е во можност да ја прими пратката на наведената адреса за достава во моментот на достава, должност му е да договори време и локација на достава со доставната служба. Вашите нарачани производи ќе бидат испратени истиот или следниот работен ден, а најдоцна во рок од 7 дена од примањето на нарачката.

Важно е да се напомене да обрнете внимание дали на самата страница е назначено дали поштарината е бесплатна или не. Доколку не е бесплатна, должни сте на курирската служба да ѝ го платите и износот за самата достава кој изнесува 300 ден. Овој податок е јасно нагласен на самата страница, под конечната цена пред да ја потврдите куповината со клик на копчето „Испрати ми веднаш“.

При плаќање при достава се препорачува да подготвите точна сума на пари. Со тоа преземањето е побрзо и поедноставно, што е воедно и главната цел на купувањето преку интернет.